Се одбележува Свети Трифун – Денот на лозарите
Свети Трифун е еден од поголемите православни христијански празници коишто се слават кај нас, а денот се поврзува со обредното закројување на лозјата. Традиционално, секоја година се слави на 14-ти февруари и за некои ова е последниот од зимските, а за други – прв од пролетните празници. На денешен ден лозарите излегуваат во лозјата и вршат обредно закројување на лозовите прачки и полевање со вино, со цел годината да биде плодна и лозјето добро да роди.
Во духот на традицијата и оваа година ДСУ-РЦСОО ,,Киро Бурназ“” го одбележа Денот на лозарите – Св.Трифун.
Директорката на училиштето Весна Трајковска со учениците и наставниците од земјоделско-ветеринарната струка, симболично ги закроија лозите, ги залеаа со црвено вино, посакувајќи плодна и бериќетна година.