Опожарен контејнер во централното градско подрачје
Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден бележи две интервенции. Пожарникарите гаснеле опожарен контејнер во центарот на градот и сува трева во селото Шупли камен, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарникарите од единицата од Старо Нагоричане интревенирале на пожар на отворен простор во близина на селото Ругинце, патниот правец кон Кратово. Таму гореле грмушки и сува трева.