Изгоре подрумски дел на семејна куќа

Изгоре подрумски дел на семејна куќа на улицата „Перо Чичо“ во Куманово. Изминатата ноќ во периодот од 23 часот до околу шест часот утрово пожарникарите интервенирале со три возила на опожарениот подрум, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според РЦУК, направена е материјална штета за која, како и за причината за пожарот допрва ќе се утврдува.