Околу 50 хектари површина во Козјачкиот регион ќе бидат пошумени годинава од страна на јавното претпријатие ЈП „Национални шуми“- подружница Куманово, а нови садници ќе бидат засадени и во општина Липково, во близина на браните, преку проект од Обединетите нации, информира раководителката Катица Станковска – Ристовска.
Допра ќе се прави опсервација на терен за да се утврдат точните локации кои ќе бидат пошумени. Минатата година беа засадени нови садници на местата кои што беа зафатени од пожарите.
