ВИДЕО: Се расчистуваат градските гробишта во пресрет на Задушница
Се расчистуваат градските гробишта во пресрет на верскиот празник Задушница која се одбележува в сабота. Екипите на ЈП „Чистота и зеленио“ се на терен.
Директорот на комуналното претпријатие Ненад Стојановски апелира до граѓаните кои што в петок или сабота ќе одат на Задушница, да го складираат сметот во вреќи кои што ќе им бидат достапнибесплатно на портирницата на „Чистота и зеленило“ на влезот во градските гробишта.