ВИДЕО: Прогласени најдобрите спортисти во Куманово
Во организација на Општинскиот сојуз на спортови на Куманово вчеравечер во Занаетчискиот дом се одржа изборот за најдобрите спортисти за 2024 година.
За апсолутно најдобар спортист беше прогласен Драган Петровиќ од Футсал клубот „Форца“.
Наградата за најдобар спортски клуб ја доби токму Футсал клубот „Форца“.
Наградата за животно дело му беше врачена на Миодраг Јовановски – Црни, кој што со ракометот започнува да се занимава на 13 годишна возраст, во 1966 година.
Награда за најуспешен спортист во 2024 година им беше врачена и на: Лука Димитриевски – МКК Куманово, Јасмина Јовановска – Женски фудбалски клуб Речица, Филип Наковски – Боксерски клуб Фајтер Илери, Дијана Вукановиќ – Атлетски клуб Куманово, Влатко Тасевски – Машки ракометен клуб Куманово, Александар Милошевски – Велосипедски клуб, ВЕЛО-М, Сара Цветановска – ЖРК Куманово, Вилијамс Маневски – Боксерски клуб Фајтер Илери и Теа Алексовска – Атлетски клуб Куманово.
Беа доделени награди и на најдобрите тренери, Емил Цветанов и Газменд Хисејини, на најдобрите млади спортисти, на успешни спортисти од најмлади категории,награди за најдобрите во училишниот спорт, најдобар спортист – пензионер, најдобар спортист со инвалидитет и награда за Јована Кипријановска за меѓународен успешен спортист.