Во соопштението испратено до медиумите се вели:
-Денеска, на денот на социјалната правда, СДСМ во име на сите луѓе кои имаат потреба од социјална заштита и помош, остро го осудуваме чинот на Владата на затворање на народната кујна во Куманово. Социјалната правда претставува еднаков и праведен однос помеѓу поединецот и општеството, определба за достоинство и еднакви можности за живот. Секој човек треба да има еднакви права и еднакви економски и социјални можности. Една од најважните улоги на државата е да обезбеди благосостојба на сите свои граѓани. Токму на овој ден зборуваме за проблем со кој се соочувааат најранливите граѓани на општина Куманово, кои 4 месеци останаа без правото на бесплатен оброк. Корисници на гарантираната минимална помош се самохрани родители, хронично болни лица, самци и многудетни семејства на кои топлиот оброк им е неопходен за секојдневна егзистенција. Затоа СДСМ бара итно решавање на овој проблем од страна на институциите и повторно враќање на народната кујна како егзистенцијална потреба на нашите сограѓани. Како социјалдемократи цврсто се бориме за социјална правда, искоренување на сиромаштијата и обезбедување на социјална сигурност на сите граѓани, се вели во соопштението на општинската организација на СДСМ.