Општинската организација на Сојузот на борци од Куманово на 26 февруари годинава ќе го одбележи Денот на формирањето на Третата Македонска ударна бригада во 1944 година во селото Жегљане. Како што информираа од боречката организација и годинава ќе има организирана посета, а пријавувањето започнува утре од 10 до 12 часот, во просториите на Сојузот на борците од Куманово, во зградата на поранешен комитет.