ЦУ: Гуми за камиони, патики, делови запленети на Табановце

Разни делови, лакови за нокти, гуми за камиони и патики, заплениле цариниците на Табановце во текот на изминатата седмица.

Според Царинската управа на Македонија, службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце запленила разна стока меѓу која четири инвертери за соларни системи, 150 парчиња лакови за нокти од 10 мл и 20 парчиња серум за кожа од 30 мл која македонски државјанин кој патувал со автомобил со германски регистарски таблички се обидел да ја криумчари во државата.

Мобилен царински тим пак, запленил 31 пар патики, со вкупна вредност од 137 илјади денари.

Вкупно 42 парчиња делови за возила, со вкупна вредност од 302 илјади денари биле откриени од Службата за мобилни скенери, при контрола на товарниот дел на два камиони со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, на влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Царинската управа поднесе и кривични пријави против 5 лица, две за фалсификување исправи во меѓународен транспорт, запленети лекови и анаболични стероиди.

До Основното јавно обвинителство Куманово поднесена е пријава за два случаи, соопштија од Царинска управа.