Полицијата приведе две лица за физички напад врз кумановец
Полициски службеници од СВР Куманово вчервечер лишиле од слобода две лица, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Босанска“ во Куманово физички нападнале 41-годишен кумановец, при што употребиле и тврд предмет, соопшти СВР Куманово.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.