Утре ќе се одржи седница на Советот на општина Куманово

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи педесет и втората седница на Советот на Општина Куманово.

Седницата е со директен пренос на Телевизија Плус.

Предложениот дневен ред е во продолжение:

-Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

-Информација за превземени мерки и активности во текот на 2024 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;

-Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2024 година;

-Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2025 година;

-Извештај за стекнати и распределени средства во 2024 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;

-Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2025 година;

-Извештај за реализирани активности во 2024 година на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР;

-Предлог – Програма на Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР за 2025 година;

Предлог – Одлука за усвојување на Интегрален локален развоен план на Општина Куманово за период 2024 – 2027 година;

-Предлог – Одлука за усвојување на План за управување со поплави во Општина Куманово;

-Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година;

-Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2025 година;

-Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во Општина Куманово со акциски план;

-Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2024 година;

-Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 5226/32 од 03 јули 2024 година;

-Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово, бр. 09 – 1417/16 од 29 јануари 2025 година;

-Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ. „Центар“, дел од УБ 43-Б, плански опфат помеѓу ул. „Народна Револуција”, ул. „Кирил и Методиј“, ул. „Илинденска“ и паркинг на ул. „Вардарска“ – Општина Куманово;

-Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела бр. 26 на КП бр. 23270/12 и КП бр. 23276/2 и за поместување на граница кон соседна градежна парцела бр. 25 на КП бр. 23270/13 со намена А1-домување во куќи КО Куманово – од ДУП за дел од МЗ „Тоде Мендол“ – Општина Куманово;

-Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на КП 23857/1, дел од КП 23850, дел од КП 23856, со намена А1-куќи за домување, од ДУП за дел од МЗ „Бајрам Шабани“ и дел од МЗ „Тоде Мендол“ (УЕ-9, 10, 11) – Општина Куманово;

-Предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово.