Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење на Деве Баир

Специјално адаптиран автобус за криумчарење бил откриен и запленет на Граничниот премин Деве Баир. Aвтобусот бил со косовски регистарски таблички, а извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул – Приштина ,соопштија од Царинската управа.

– Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир. При извршената контрола  во делот на просторот за багаж  на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер), појаснуваат од Царина.

Автобусот, како што додаваат, е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.