Советничката Атина Мургашанска вечерва во СТАВ
Атина Мургашанска, советничка од советничката група на СДСМ Куманово вечерва гостува во емисијата СТАВ.
Придонесува ли Советот за намалување на сериозните девијантни појави во градот, како ја оценува работата на актуелниот состав на Советот, консолидирана ли е партијата на локално ниво, има ли интерес за постапката за активна регистрација за гласањето на внатрепартиските избори на 16 март, дали е потенцијален кандидат за градоначалник на општина Куманово?
За овие и многу други актуелни теми вечерва во 20 часот на ТВ Плус.
