ВИДЕО: Презентирани резултатите од проектот „Развој на EcoSTEAM“

Во Гимназијата „Гоце Делчев“ се одржа мултипликативен настан во рамките на проектот „Развој на EcoSTEAM – Презентација на резултати од проект, едукативни ресурси за еколошка и STEAM настава”, кој има за цел да сподели, имплементира и дисеминира нова методологија и ресурси за едукација на наставници и пошироката јавност за еколoшки и STEAM  активности во училиштата.

„Присутните имаа можност да се запознаат со нов пристап во наставата во кој се комбинираат практична работа, истражувачки експерименти и иновативни тимски еколошки решенија. Понатаму со имплементација на овие активности во наставата, учениците ќе можат да учат, напредуваат, решаваат проблеми, размислуваат и да ги развиваат своите вештини, при тоа грижејќи се за животната средина и поттикнувајќи ја креативноста и научното размислување. Во рамките на проектот имаме развиено 3 интелектуални резултати: Концепт за е -учење. Програма за е-Настава и EcoSTEAM е -водич, како и веб страна каде можат да се најдат и превземат сите документи на англиски, македонски и сите други јазици на земјите учеснички и понатаму да се користат во наставата“, истакна Јасмина Денковска, наставник по информатика и координатор на проектот.