Работна координација за дислокација на возилата од јавна површина

Претставници од повеќе сектори и институции вчера одржале работна координација, во врска со дислоцирањето на паркираните автомобили на јавна површина, односно паркинг простори, кои не се во возна состојба, стои во објавата на официјалната веб страна на општина Куманово.
Според објавата, целта на оваа координативна средба е да се дефинираат конкретните чекори, кои треба да се преземат од страна на сите субјекти, одговорни за постапките во процесот на дислокација, односно да се забрзаат активностите во рамки на законоската процедура.