ВИДЕО: Чади депонијата Краста
Депонијата Краста кај селото Пчиња чади од вчера изутрина. Надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ информираат дека интензивно работат на целосно гасење на опожарениот комунален отпад во средишниот дел на депонијата. Вчера интервенирале и противпожарни екипи, информира директорот Ненад Стојановски.