Двајца повредени при судир на „опел“ и мопед

Две лица се тешко повредени, од кои едно малолетно, при судир на автомобил марка „опел“ и мопед што се случила викендов во Куманово.

–Вчера во 11.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од  ул.„Веселин Маслеша“ и ул.„Трајко Прокопиев“ во населбата Перо Чичо се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен кумановец, и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од 42-годишен кумановец, информираат од МВР.

Во незгодата, како што посочуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.