Измената на системот „Мој термин“ која предвидува со порака со верификациски код да се одвива лекувањето на пациентите е одложена за еден месец, информира претседателот на здружението на матични лекари од Куманово, д-р Фатмир Асани. Ова следи по реакцијата на здружението, откако доцнеше повратната порака за закажан термин. Доктор Асани смета дека ќе бидат потребни најмалку неколку месеци за да стартува успешно измената на системот „Мој термин“.
Од Управата за електронско здравство истакнаа дека новата опција треба да придонесе да се подобрат здравствените услуги и да се намалат пропуштените прегледи.
„Верификацијата на телефонски број е еднократен процес, кој има за цел подобрување на комуникацијата со пациентите“, велат надлежните.