Цариник осомничен за „ злоупотреба на службената положба“
СВР Куманово поднесе кривична пријава против царински службеник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.
Според МВР, во септември минатата година на граничниот премин Табановце, за влез во државата, при извршен преглед на патничко возило, управувано од лице од Струмица, пријавениот ја злоупотребил службената должност и овластување, на тој начин што на лицето му пресметал за плаќање помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз и му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 41.433 денари на штета на Буџетот на РСМ.