ВИДЕО: Казни за уништувањето на урбаната опрема, бараат надлежните
Над шеесет проценти од урбаната опрема што е поставена во градот се оштетува или целосно се уништува од поединци на годишно ниво, соопштија денеска надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Несовесните граѓани мора да бидат откриени и санкционирани, потенцира директорот Ненад Стојановски со апел до надлежните органи, полицијата и инспекциските служби повеќе да внимаваат на јавните добра.
Последниот случај на уништување на урбана опрема беше опожарувањето на полуподземен контејнер во централното градско подрачје, а вчера во Соколанскиот парк се исечени садници.