Дваесет ерозивни зони во општина Куманово

Дваесет зони во градот се прогласени за ерозивни согласно Студијата за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово со акциски план. Студијата е усвоена на седница на Советот на општината,  а ја изработи здруженито на граѓани на регионален центар за шумарство и рурален развој од Скопје. Согласно тендерската постапка, договорот со општина Куманово е склучен во висина од 423.000 денари. Планирано е ерозивните зони да се пошумуваат.

Студијата ја презентираше проф. д-р Иван Минчев на Шумарскиот факултет во Скопје.