Се градат пешачки патеки во Бедиње
Почна изградбата на пешачки патеки – тротоари на улицата „11 Ноември“ во Бедиње, информираа деновиве надележните од општината.
Жителите на населбата бараа изградба на тротоари особено во делот во близина на големите производни капацитети. Тие се жалат дека на оваа делница, регионален пат кон општина Липково фреквенцијата на возила е голема, а пешаците немаат каде безбедно да се движат.
За изградбата на тротоарите кај „Бетоњера“ одвоени се скоро 7, 5 милиони денари со вклучен данок на додадена вредност. Според договорот со избраната компанија на тендер се очекува изградбата на тротарите да заврши за еден месец.