ВИДЕО: Со ЦИД до поуспешна млада популација

Центарот за интеркултурен  дијалог во Куманово успешно функционира петнаесетина години. Преку голем број активности, а согласно потребите на младите од реоните каде што живеат, ЦИД е посветен на градење на системи за поддршка на младите, подобрувањето на односите во заедницата со граѓаните, подобрување на комуникацијата меѓу младите, развој на волонтеризмот и размена на студенти. ЦИД е меѓу првите организации во градот кои се раководени од млади луѓе. Освен со Мулти -култи во Куманово, ЦИД раководи и со младинската организација која веќе две години опстојува во општина Липково.