Утре ќе се одржи седница на Советот на општината

Во кружната сала на зградата на поранешен комитет утре со почеток во 10 часот ќе се одржи педесет и третата седница на Советот на Oпштина Куманово. За дневниот ред предложени се 28 точки.

Седницата е со директен пренос на Телевизија Плус.

Дневен ред:

1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

2. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.10.2024 – 31.12.2024 година;

3. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2024 година;

4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2024 – 31.12.2024 година;

5. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2024 година;

6. Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2024 година;

7. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2024 година;

8. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2024 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

9. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2025 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;

10. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2025 година;

11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2025 година;

12. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2025 година;

13. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;

14. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;

15. Годишен извештај на Општина Куманово за 2024 година;

16. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

17. Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2024 година;

18. Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;

19. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;

20. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2025 година;

21. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

22. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

23. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;

24. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;

25. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

26. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Куманово – план” – Куманово;

27. Предлог – Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Водовод“ – Куманово;

28. Предлог – Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Пазаришта“ – Куманово.