Здравствената струка со активности по повод Светскиот ден на бубрегот

Светскиот ден на бубрезите се одбележува секоја година, вториот четврток во март. Во 2006 година на почетокот на овој празник, 66 земји го одбележале овој датум. За две години, овој број се искачи на 88. Во настаните што се одвиваат во текот на месец март преовладуваат едукативни активности за превенција и рано откривање на болеста, осoбено кај ризичните групи од населениетo, едукација на младите и децата, бесплатни прегледи и здравствени совети, како и поддршка на пациенти на дијализа и со трансплантиран бубрег во справување со лекувањето на болеста.

Ученици од трета и четврта година од здравствената струка во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ деновиве го посетија Диаверум и добија стручен одговор од тимот лекари и медицински сестри на Диаверум. Кои се причините за развој на бубрежна болест, улога на медицинската сестра при нега на овие пациенти, начин на исхрана беа дел од прашањата кои ги заинтересираа.

„Во пресрет на овој ден учениците кои посетуваат Учење преку работа кај работодавач заедно со тимот од Диваерум со презентација ја посетија Гимназијата ,„Гоце Делчев“ и ООУ ,„Браќа Миладиноци“, со  цел подигање на свеста за состојбите на бубрегот, навремена превенција и доколку е потребно лекување, иако многу од нив се лекуваат, тие се споредна медицинска грижа за поголемото население“, информира професорката Магдалена Трајановиќ од здравствената струка во ОСТУ „Наце Буѓони“.