На денешната седница на Советот на Општина Куманово беше верификуван мандатот на новата советничка Сузана Максимовска од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, по што положи свечена заклетва.
Максимовска е професорка по македонски јазик и литература во ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ во Куманово.
Сузана Максимовска доаѓа на местото на Дејан Јовановски, кој само по два месеца си поднесе оставка заради работен ангажман во странство.