ВИДЕО: Кумановци палат свеќи во чест на жртвите на пожарот во Кочани

Граѓани на Куманово, најголем дел од нив основци и средношколци со своите наставници денеска напладне запалија свеќи на градскиот поштад и оддадоа почит на 59-те жртви на пожарот во кочанскиот диско-клуб. Меѓу нив е и нашиот сограѓанин музичарот Филип Стевановски, чија што фотографија од утрово е поставена на плоштадот.

Апелот за собир на граѓаните од вчера се споделуваше на социјалните мрежи.  

И покрај времените врнежи од дожд младите стрпливо чекаа во ред да запалат свеќа и да им оддадат последна почит на загинатите.

Свеќи запалија и членовите на Советот на општина Куманово, веднаш по завршувањето на денешната вонредна седница.

„Треба да се направи ревизија на сите угостителски објекти и да се внимава прво на безбедноста, а не на профитот. Македонија е завиена во црно, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседателка на Советот на општина Куманово.