Таравари: 51 повреден испратени на лекување во странство

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека вкупно 84 пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во болниците во Скопје, а 51 повреден се пратени во странство. Според него, пациентите се генерално во стабилна состојба. Досега е извршена обдукција на 15 лица.

„За среќа, пациентите коишто беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие кои беа пренесени надвор од државата, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем, има пациенти кои вчера не се јавиле и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, денеска да се пријавуваат“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција.