Опожарени куќа и оџак во текот на вчерашниот ден

Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на опожарен оџак на улицата „Франц Розман“, а гаселе и опожарена семејна куќа на улицата „ Петар Арсов“, информираат од Регионалниот центар за упарвување со кризи.

Причината и материјалната штета за двата пожара допрва ќе се утврдуваат.