ВИДЕО: Голем интерес за бесплатното мерење на очен притисок во Систина Офталмологија

Со бесплатно мерење на очниот притисок и консултација со офталмолог, дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Куманово го одбележа Светскиот ден на глаукомот, 15 март.

Голем број граѓани ја искористија бесплатната услуга на Систина Офталмологија, со цел подигнување на свесноста за навремено откривање на глаукомот, а најголемиот дел од нив закажаа и термин за комплетен офталмолошки преглед кој деновиве е со попуст од 50 проценти.

Кумановци ја поздравуваат акцијата на Систина чијшто пример би требало да го следат и останатите приватни болници во земјава.

„Глаукомот се нарекува и тивок крадец на видот. Потребни се редовни офталмолошки контроли, барем еднаш годишно превентивно“, истакна д-р Елизабета Спасиќ, специјалист офталмолог и хирург во Систина Офталмологија Куманово, по повод одбележувањето на Светскиот ден на глаукомот.

Лекарите порачуваат дека граѓаните треба да се запознаат со ова заболување (глауком) бидејќи претставува втора причина за слепило во светски размери.