Македонија тагува – денеска ќе бидат погребани жртвите од пожарот
Погребот на жртвите од ужасниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ ќе биде извршен денеска.
Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди. Погребни церемонии ќе има и во Пробиштип и во Скопје
На погребот ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, како и неколку владици од Синодот.
Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.