Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 33-годишен жител на селото Бузалково, велешко и 41 -годишен жител на скопско Арачиново.
Според МВР, тие се сомничат дека од дворно место на фабрика во Куманово одзеле поголема количина на железо. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
