Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, соопштија од ОЈО.
Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување ќе бидат соопштени на прес-конференција пред зградата на ОЈО Кочани денеска на 21 март во 12 часот, објавија медиумите.
Најмладите загинати според извршените обдукции се шест малолетници, највозрасниот е на 46 години. Во несреќата загинаа 59 луѓе, а над 170 се повредени, дел од нив се лекуваат на клиниките во Македонија, а останатите во странство.