Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје вчера на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода 53-годишен скопјанец, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, При постапување по претходно изготвен план, на импровизирана тезга на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 10.000 парчиња разновидни пиротехнички средства, наменети за продажба.
По консултација со надлежен јавен обвинител, лицето било задржано за понатамошна постапка и по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.