ВИДЕО: Генералниот урбанистички план во изработка

Генералниот урбанистички план за општина Куманово се изработува. Куманово ја почна постапката за изработка на ГУП пред неколку години. Планот треба да обезбеди нови сообраќајни решенија со кои ќе се реши метежот, формирање нови населби, повеќе зеленило, пешачки зони, ефикасен јавен транспорт, уредени простори, наменети за сите.