ВИДЕО: Голем интерес за ИПАРД програмата во Куманово

Четириесетина земјоделци од Куманово аплицирале на јавниот повик за Ипард програмата за мерката за модернизација на земјоделските стопанства.

Досегашната пракса покажува дека кумановските земјоделци најголем интерес покажуваат за трактори и приклучна механизација, информира раководителот на регионалното одделение на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството Џабир Рамадани.