Приведен грчки државјанин на граничниот премин Табановце
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода државјнин на Република Грција. При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки, информираат надлежните. Известен бил јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе боиде поднесена соодветна пријава.