Шаховски турнир во Куманово во чест на 7 Мај – денот на македонската полиција
Отсекот за превенција при СВР Куманово, вчера во пресрет на 7 Мај – денот на македонската полиција, организираше шаховски турнир во Куманово на кој учествуваа членови од Здружението на пензионери, Здружение на армиско-полициски ветерани, пензионирани полициски службеници, како и полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Куманово.
Целта на оваа манифестација и покрај празничниот карактер беше насочена и кон заедничко другарување, запознавање и комуникација меѓу полицијата и граѓаните, при што во спортски дух се одбележа претстојниот празник на полицијата. На крајот од турнирот на учесниците им беа доделени благодарници.