Секторот за внатрешни работи Куманово го одбележа Денот на полицијата

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска го одбележаа 7 Мај – Ден на полицијата.

Во соопштението испратено до медиумите се вели:

-Од страна на раководството на СВР Куманово беше положено свежо цвеќе на загинатите припадници од кумановската полиција, а оддадена почит и свежо цвеќе беше положено и на споменикот во кругот на СВР Куманово за загинатите во населбата Тоде Мендол ( т.н. Диво насеље). Исто така, во просториите на Секторот за внатрешни работи Куманово беше одржана пригодна свеченост на која присуствуваа државниот секретар во МВР, Сашо Петрушевски, началникот на СВР Куманово Никица Петрушевски, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, како и претставници од повеќе институции.