ВИДЕО: Отворен ден во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ на 15 мај

Во пресрет на претстојните уписи во средните училиштља, „Наце Буѓони“ ќе организира отворен ден на 15 мај од 11 до 14 часот на кој деветоодделенците ќе имаат можност да се запознат со струките и образовните профили.

Согласно Конкурсот објавен од МОН, во техничкото училиште во прва година може да се запишат вкупно 637 ученици во 19 паралелки, од нив 297 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 10 паралелки, односно 340 ученици на албански наставен јазик.

Идните средношколци ќе треба да се одлучат за еден од образовните профили од трите сектори кои се застапени во училиштето, машинство,  електротехника и информатички технологии и секторот здравство и социјална заштита.

Повеќе детали за уписот во прва година од изјавата на директорот на училиштето „Наце Буѓони“ Драган Јаневски.