Маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ в сабота на градскиот плоштад

На 10.05.2025 (сабота) со почеток во 10 часот на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи 21-то издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија”, во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово”, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово.

Присутните ќе имаат можност да проследат 15 групни маски со повеќе од  500 учесници од детската градинка и општинските основни и средни училишта.

Маскенбалот ќе има ревијален карактер, а на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници за учество.