Државна лотарија в сабота во Куманово ќе го промовира новиот инстант лоз „Кaлинка”. Промоцијата ќе започне во 13 часот пред продажното место ПАВЕЛ ТОБАКО. Водител на настанот ќе биде Марјана Станојковска, а помошник водител – Викса.
Во оваа 15-та година од приредувањето игри на среќа Државна лотарија го истакнува значењето на плодот калинка земен како симбол во новото корпоративно лого и го вклучува во игра во којашто трите калинки ќе донесат и среќа и благодeт и радост.
„Богатата симболика на калинката нека се потврди низ новите среќни приказни коишто со нетрпение очекуваме да ги запишеме“, велат од Државна лотарија.