ВИДЕО: Стошевски: Во болницата ќе се вработат 26 специјализанти

„Дваесет и шест специјализанти ќе бидат вработени во Општа болница Куманово, откако претходно беше распишан јавен оглас за вработување на 28. За жал, за анестезија и офталмологија не се пријави никој на огласот“, информира директорот на Општа болница Куманово, м-р Сашо Стошевски.

Според директорот, вработувањата ќе се реализираат по истекот на жалбената постапка, а се очекува да почнат со работа на почетокот на јуни годинава.

-Ние као ЈЗУ Општа болница Куманово добивме 28 специјализанти. На први април беше распишан јавен оглас за вработување на специјализанти, заврши на седми април, после тоа следеше период на рангирање, минатата недела се припапи кон тестирање на истите на Медицинсиот факултет во Штип. Вчера имавме интервју со сите специјализанти. Денеска ќе ги известиме сите кои се примени, жалбената постапка трае 15 дена за оние кои што нема да бидат примени и очекуваме конечно од 01 до 10 јуни да ги вработиме во Општа болница Куманово со што ќе ги растеретиме докторите, ќе можеме да организираме нормални дежурства и се надевам дека истите денеска специјализанти, утре специјалисти ќе ни останат на работа во болницата. Имаме специјализанти скоро од сите области, од сите специјалности, недостигаат специјализанти по анестезиологија и реанимација, тоа го решаваме со ангажирање од други клиники, изјави Сашо Стошевски, директор на Општа болница Куманово