Оперскиот пејач Дарко Тодоровски в петок со почеток од 20 часот ќе одржи концерт во Занаетчискиот дом под насловот „Ехото на Македонија“.
Тодоровски и младиот пијанист Јован Цветковиќ ќе приредат музичка вечер со македонски евергрини и народни песни.
Концертот е во организација на Фондацијата за култура и спорт при општина Куманово.
Влезот за сите заинтересирани граѓани е слободен.