СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р. (22) од Куманово поради сомневање за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете.
Според МВР, пријавената, од користољубие и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, го запуштила детето и го наведувала на питачење. На 10 април Д.Р. го однела своето дете на Граничен премин Табановце, при што од полициски службеници било затекнато како питачи.