ВИДЕО: Отворен ден во средното техничко училиште „Наце Буѓони“

Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ по повод претстојните уписи на учениците во прва година денеска организираше Отворен ден за деветоодделенците од училиштата во Куманово. Во периодот од 11 до 14 часот идните средношколци имаа можност директно од сегашните ученици и и наставници по стручни предмети да се запознаат со струките и образовните профили, просториите, кабинетите и работилницата во техничкото училиште.

Во ОСТУ „Наце Буѓони“ во прва година можат да се запишат вкупно 637 ученици во 19 паралелки со настава на македонски и на албански јазик.

Во машинска струка можат да се запишат 204 ученици во 6 паралелки во четири образовни профили.

Новина во секторот машинство за следната учебна година е новиот образовен профил – техничар за возила на алтернативен погон.

Во секторот – електротехника и информатички технологии можат да се запишат вкупно 263 ученици во 8 паралелки во четири образовни профили.

Во секторот здравство и социјална заштита – вкупно 170 ученици во 5 паралелки.

На Отворениот ден пред присутните ученици, наставници, здравствени работници и раководителот на секторот за образование во општина Куманово, Александар Јовановиќ се обрати директорот на училиштето Драган Јаневски.