ИПА Регион со хуманитарна акција по повод Денот на полицијата
ИПА Регион Куманово во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Куманово в сабота организира хуманитарна акција по повод Денот на полицијата.
Станува збор за акција во прибирање на прехранбени артикли, средства за лична и колективна хигиена и стари алишта, а исто така ќе биде поставена и каса за добороволно собирање на парични средства.
Акцијата ќе се реализира во канцеларијата на ИПА Регион Куманово во периодот од 10 до 15 часот.