ВИДЕО: Ученици од „Наце Буѓони“ со одлични резултати на државниот натпревар на младите истражувачи

Средното техничко училиште „Наце Буѓони“ викендов беше домаќин на 61-от државен натпревар на младите истражувачи (за средношколци) и 62-от државен натпревар на младите техничари и природници (за основци) од Македонија.

Вкупно 279 средношколци и основци од земјава заедно со своите ментори ги презентираа своите иновативни проекти во 25 области од применети и технички науки.

 Учениците од „Наце Буѓони“ повторно постигнаа врвни резулати на државниот натпревар.  

Матеј Глигоријевски освои прво место, а Андреј Јаковски второ во област роботика.

Прво место освои и Матеј Спасиќ во област компјутерска техника.

Георги Станојковски – прво место во категорија: дизајн на веб страници, ментор Ненад Ставревски.

Во област автоматика второ место освои Дарко Строимановски.

Павел Божиновски – второ место во категорија: примена на софтвер, ментор Јелена Поп Глигорова.

Трето место во категорија биохемија освои Ева Филиповиќ.

На натреварот пофалница доби Ева Тимчевска во категоријата примена на софтвер.

Организатор на настанот е Народна техника на Македонија, во соработка со Сојуз на здруженија на млади истражувачи од Македонија „Наука на млади“, Сојуз на клубови на млади техничари и природници (СКМТПМ) и Народна техника Куманово.

-Ова не се класични натпревари, како што ги организираат училиштата, тука се претставуваат истражувачки, иновативни проекти. Најдобрите се квалификуваат за меѓународни натпревари – истакна Пере Митрев, директор на Народна техника на Македонија.

Пред присутните се обратија и претседателката на Сојузот на здруженијата на млади истражувачи, м-р Соња Миленковска и директорот на училиштето „Наце Буѓони“, Драган Јаневски, а натпреварите ги прогласи за отворени претседателката на Советот на општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.