Кумановци се грижат за животната средина

Кумановци во изминатите две години покажале грижа за животната средина, соопштуваат од општина Куманово.

„Граѓаните собраа 247.218 парчиња отпад – шишиња и лименки преку повратните вендинг машини на „Пакомак”, со што општина Куманово е меѓу 10-те општини со најголем број собрани парчиња отпад во државава“, велат надлежните. 

Моментално на територијата на општината регистрирани се 1.193 корисници, чија бројка се зголемува.

Општина Куманово апелира до сите граѓани да внимаваат каде го одложуваат отпадот и да бидат сигурни дека истиот ќе заврши на вистинско место.