СВР Куманово поднесе кривична пријава против 36-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, во текот на август 2024 година, пријавениот му понудил на лице од Куманово да му го води спорот со странска осигурителна компанија, а откако се договориле, во два наврати му земал вкупно 1.700 долари, но договореното не го исполнил.